Кинескиот Zeekr кој делува под закрилата на Geely се наоѓа на пресвртница. Неа ја одбележа со три момента – испораката на првиот автомобил во Европа, лансирањето на нов елегантен седан и најавата дека тој ќе користи батерии кои за само 15 минути ќе се наполнат за поминување 500 километри.


