Заврши ли приказната за гасењето на Chrysler?
Или пак допрва почнува?
Објавено на 8 јуни 2018 година
Едвај помина една недела откако стивнаа муабетите дека Chrysler ќе замине во историјата, тие пак се распламтеа. Додуша не како при крајот на минатиот месец но доволно за јавноста (уште еднаш) да се запраша – заврши ли приказната за гасењето на Chrysler, а со него и онаа за Dodge. Или пак допрва почнува, бидејќи ставовите сега се поинакви – оние на Серџо Маркјоне познати, но не и на останатите фактори кои ја плетат мрежата низ која треба да се провне американскиот производител. Официјално, Chrysler и Dodge ги очекуваат големи промени со цел намалување на трошоците за развој и производство. Така, следената генерација на Charger и Challenger ќе имаат италијанска платформа – онаа од Giulia. За новиот Chrysler 300 кој треба да се појави во втората половина од идната година ништо не се знае, а развојот на сите други модели освен еден е под знак прашање. Тој најверојатно ќе биде миниван, бидејќи спасоносната сламка за Цхрѕслер дојде од Google во вид на нарачка за 62.000 возила кои ќе бидат основа за автономниот сервис Waymo. Во меѓувреме Dodge кој се спаси заради огромното наследство во американската автоиндустрија ќе се фокусира на перформансите, но без Viper кој дефинитивно ќе остане во минатото.
Во момемнтов Chrysler произведува сé на сé два модела – 300 C и Pacifica. Лани од оваа марка во САД се продадоа 189 илјади возила, за две третини помалку отколку пред десет години.