Започна производството на Peugeot e-Expert Hydrogen

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Испорачан првиот примерок на Peugeot e-Expert Hydrogen

објавено на 21 декември 2021 година

После бензинските, дизел и електричните изведби, Peugeot како погонска опција на своите возила го додава и водородот.Првиот модел кој ќе биде задвижува од ова гориво на иднината е e-Expert Hydrogen, чие производството веќе започна. За него се ангажирани заедничките ресурси на Stellantis групата – возилото се произведува најпрво во Франција во фабриката Sevel Nord, за потоа погонскиот систем да биде надграден во Риселсхајм, Германија, во посебно подготвен погон за тоа. Како основа се користи електричниот e-Expert чиј гломазен пакет батерии е заменет со помал од 10,5 kWh и систем на горивни ќелии кој ја произведува струјата потребна за задвижување на возилото. Полнењето водород трае 3 минути, а автономијата изнесува повеќе од 400 километри. Специфичност се и плаг-ин можностите за полнење на батериите директно од електричната мрежа.

Peugeot e-Expert Hydrogen е достапен во 2 должини со товарен простор до 6,1 кубни метри и носивост од 1.000 килограми. Може да влече приколка со истата тежина, а максималната брзина му изнесува 130 km/h. Првиот примерок е испорачан на Watea by Michelin, подружницата на гумарскиот гигант посветена на решенијата за зелена мобилност. Цената не е позната.

 

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER