Yamaha : PW-X3

Вести

Специјално за планинарење

Новиот електро-мотор специјално дизајниран за е-планински велосипеди.

објавено 08. октомври 2021

Од Yamaha навикнати сме да добиваме новости за моторцикли, но оваа го заслужи нашето внимание бидејќи е дијаметрално спротивна. Новиот електро-мотор PW-X3 тежи 2,75 килограми и е десет проценти полесен од својот претходник, X2.

Исто така е помал за 20 проценти, но од компактните димензии PW-X3 испорачува вртежен момент од 85 Nm. Дополнително, Yamaha ја нуди новата LED единица за комуникација и прекинувач Интерфејс X. Додека екранот за капацитетот на батеријата и нивото на поддршка се монтирани на стеблото од кормилото, копчињата на прекинувачот се наоѓаат директно на левата рачка и можат да се управуваат со палецот. Интерфејс X поддржува радио технологија ANT + и е компатибилен со асортиманите од други производители како што се Sigma, Garmin и Echowell.