Yamaha MT-09 – Hyper Naked Bike

Следната година доаѓа „Темната страна на Јапонија“

Кога Yamaha го претстави МТ-09 пред десетина години воведе една сосема нова перцепција за своите производи. Со текот на годините, MT-09 стана еден од најзначајните и најуспешните модели во понудата на Yamaha, заслужувајќи го статусот на еден од најпознатите мотоцикли во историјата на марката. Овој модел стана посакуван меѓу мотоциклиситите што ги сакаат „голите мотори“.

За следната моделска година Јапонците ја преставија изведбата со мрачна и мистериозна естетика. Познатата механика ја одликува агилна шасија за ракување и три цилиндричен CP3 мотор со висок вртежен момент. Естетиката и перформансите се дизајнирани да ги стимулираат сетилата. За ова издание MT е ослободен од непотребните дополнителни делови, спакуван во компактна алуминиумска рамка.

За дополнително да го зголеми чувството на слобода, MT-09 сега има посебни седишта за возачот и совозачот, подобрувајќи ја и положбата и удобноста на возачот при качување и симнување од мотоциклот. Сега сериска е поврзаноста со мобилен телефон преку кого може да се дотертуваат финесите на четирите модуси на возење на кои е додаден и новиот програм „Track“. Покрај познатата изведба со 119, ќе се понуди и послаба од 48 коњи. Испораката во Европа ќе започне во февруари 2024 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER