Јапонците се групираат околу водородот!

Перспективата на моторите со внатрешно согорување е водородот

објавено 22. февруари 2022 година

Во ноември минатата година, петте јапонски компании Kawasaki Heavy Industries, Subaru Corporation, Toyota Motor Corporation, Mazda Motor Corporation и Yamaha Motor објавија дека ќе започнат спроведување на заедничко истражување за можните начини за проширување на опциите за моторите со внатрешно согорување преку еколошки горива. Првиот таков е водородниот V8 мотор кој беше развиен од Yamaha по порачка на Toyota.

Се заснова на пет литарскиот агрегат од луксузното спортско купе Lexus RC-F, со бројни модификации испорачува 450 КС при 6.800 вртежи во минута и максимални 540 Nm вртежен момент при 3.600 вртежи во минута. Ова не е прва соработка на двата гиганти и таа датира подолго време со четири цилиндерските перформансни мотори. Целта е од класичните мотори да се постигне јаглеродна неутралност до 2050 година, а тоа ќе биде на плеќите на Yamaha. Доколку овој концепт успее, покрај јаглеродната неутралност, ќе се одржи страста што ја буди моторот со внатрешно согорување.

Она во што развојните инженери веруваат е потенцијалот на моторот што користи водород. Постепено се шири мрежата на партнери кои би помогнале во зголемување на потенцијалот. Прототипот е предизвик што открива перспективи уникатни за водородните мотори и ќе креира нова привлечност за моторот со внатрешно согорување што светот допрва треба да го види.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER