Yadea – Батерија без литиум

Најголемиот светски производител на електрични мотоцикли и скутери Yadea подготви нов тип батерии без литиум.

Базирани на натриум-јонска технологија, тие ветуваат поголема издржливост и подобра отпорност на ниски температури. Оваа апсолутна новост во светот на електричната мобилност ги изненади дури и стручњаците бидејќи заради ниската енергетска густина и малиот напон се сметаше дека немаат перспектива. Кинезите сепак ги видоа како идеални за мали и лесни возила какви што се скутерите, посебно и затоа што се побезбедни и поевтини за производство.

Интелигентниот систем за полнење ќе овозможи за 15 минути да достигнат 80 отсто од капацитетот. Ќе можат да издржат 1.500 циклуси на полнење односно околу пет години редовно користење. Објавени се и цените на првите електрични скутери со овие батерии. Тие се од најниските категории и во Кина ќе чинат од 430 до 570 евра. Најскапиот модел има електромотор од 400 вати со кој постигнува максимални 25 километри на час, автономија од околу 70 километри и носивост од само 75 килограми.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER