Xpeng X9 – Луксузно комбе за Кина

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Електричното многунаменско возило со седум седишта има специфичен дизајн за да постигне рамнотежа помеѓу функционалноста и „технолошката естетика“.

Кинеските марки на возила традиционално имаат свој пристап во обликувањето на своите модели. Последен пример за тоа доаѓа од Xpeng  кој на саемот во Гванжу го прикажа своето многунаменско возило Х9. Малку збунувачки делува надворешниот изглед кој е многу гломазен и, за европски вкусови, помалку недоследно на она што се нарекува надворешно обликување на кабината.

Но, тоа кинеските дизајнери не ги засега многу, бидејќи нивната задача беше да направат возило за тамошниот пазар. Како што е тврди производителот, моделот е има забележлив фокус на аеродинамиката. Xpeng вели дека комбето има 17 карактеристикишто одат во прилог на аеродинамиката, вклучително и задно стакло кое ги избегнува традиционалните спојлери. Ваквото внимание на деталите му овозможува на комбето да има коефициент на отпор од 0,227, што е импресивно за нешто толку големо.

Xpeng се уште не објави специфични технички податоци, но според приложеното, може да се забележи елегантна кабина со дигитална група инструменти, пловечки инфозабавен систем и обвивка од дрво. Ним им се придружува двоен безжичен полнач за паметни телефони и стилски метални акценти. Патниците од вториот ред можат да се релаксираат додека гледаат забавни програми на голем дисплеј од 21,4 инчи. Доколку им треба нешто за да ја изгасат жедта, има вграден фрижидер со поставки за температура помеѓу 0-50 степени целзиусови.

Xpeng, исто така, спомна и систем за контрола на климата „бесплатен здив“, кој е наведен како „првиот светски централен наизменичен AC“ кој дава „тивок и нежен ветер“. Иако играчките на високата технологија се интересни, Xpeng не заборави на основите. Како резултат на тоа, комбето има водечка висина на кабината во класата и најпространиот трет ред седишта. Седиштата од вториот ред се исто така поставени на електрични лизгачи, додека третиот ред се преклопува рамно за да открие до 2.554 литри товарен простор.

Х9 има управување на задните тркала и стандардна воздушно потпирање. Иако не е потврдено, комбето ќе се нуди со две различни погонски единици. Варијантата со еден мотор ќе има 320 КС, додека моделот со два електро-мотори ќе има комбинирана моќност од 503 КС. X9 во Кина ќе се продава по цена од 49.289 евра, а испораките започнуваат за два месеци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER