Xpeng- Стрес-тест на автономното управување

Занимливости насловна

Еден милион автономни километри!

За време траење на најголемиот бран патувања во светот…

објавено 02.март 2021

Прославата на Кинеската нова година ја повлекува најголемата миграција на луѓе на планетава. За неполни две седмици колку се празнува, во рамките на Кина, стотици милиони луѓе патуваат од поголемите градови на крајбрежјето до западниот дел од државата кон своите села. Тоа е краен стрес-тест за кој било сообраќаен систем. Токму овој период беше избран од Xpeng за своите паметни електрични автомобили со цел во пракса да го воведе својот систем за автономно возење „Navigation Guided Pilot“ (NGP). Електричните автомобили од кинескиот производител Xpeng поминаа повеќе од 17 милиони километри за време на новогодишните прослави во Кина од кои еден милион автономно. Системот NGP е достапен за клиентите на моделот P7 од јануари и се базира на мапи со висока прецизност. За 25 дена што следеа, NGP управуваше со автомобилите на Xpeng 1.023.884 километри на автопатиштата во Кина.

Во средината на овој период беше кинеската нова година, која обично се слави повеќе од една недела. Според производителот, електричниот Р7 поминал вкупно 17 милиони километри помеѓу 11 и 17 февруари. Тоа е околу 431 круг околу екваторот! Енергијата потрошена повеќе од три милиони киловат часови (kWh) во овој процес одговара на намалување на 1086 тони јаглерод диоксид. Според Xpeng, 882.724 kWh се опоравени преку регенерација на енергијата, што одговара на околу 5,23 милиони дополнителни километри. Оперативниот систем Xpilot 3.0, на кој се базира NGP, се користеше 25.326 часа во овој период. Тој е способен за автоматско престигнување, промена на лентата или влегување или излегување од автопатот. Во првите 25 дена се избројани 131.484 автоматски менувања на лентата и маневри за престигнување и 105.942 автоматски влезови и излези на автопат. Уште една погодност за корисниците е што повеќето од функциите во автомобилот можат да се контролираат гласовно. Xpeng преку Норвешка во декември стапна на европско тло и има намера да отвори понатамошни пазари во блиска иднина. Во Европа, сепак, не треба да се очекуваат NGP поради различната легислатива за заштита на податоците.