После дебито на салонот на автомобилите во Брисел, XPeng P7+ е подготвен за освојување на Европа како европски производ

Неговото пробно производство во погоните на Magna Steyr во Австрија е оценето како успешно.

Овој технолошки напреден автомобил располага со низа модерни опции меѓу кои и вештачка интелигенција. Долг е 5 метри и 7 сантиметри, има багажник од дури 725 литри и електрична архитектура на 800 волти која овозможува полнење од 10 до 80 отсто за само 12 минути.

Се нуди во повеќе варијанти со 245, 313 и 503 коњски сили и има автономија меѓу 455 и 530 километри. Позициониран е како конкурент на Volkswagen ID.7 и BYD Seal а цените му стартуваат од 44 илјади евра.

Првите испораки ќе започнат во април на 25 европски пазари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER