Xpeng – Нов подвиг

Вести

NGP на нов тест

Делумно автономно од Гуангжу до Пекинг

објавено 19. март 2021

Xpeng, кинескиот производител на паметни електрични автомобили, денеска ја започнува експедицијата за автономно возење до 26 март. Претставниците на медиумите и експертите можат да ги следат полуавтономните системи за возење на Xpeng P7 Premium во целата должина на патувањето од Гуанжу до Пекинг во растојание од 3675 километри. Ова ќе биде најдолгото тест возење со полуавтономна технологија досега во Кина. За време на експедицијата, „Навигациониот пилот“ базиран на мапи (НГП) ќе ја преземе контролата над електричниот Р7 во должина од 3.145 километри од автопатот. За време на едно неделното возење од Гуангжу до Пекинг, NGP би требало да го води Р7 самостојно, да ја прилагоди својата брзина и да ги менува лентите. Новинарите потоа ќе можат да проверат колку интервенции се потребни на оваа далечина и колку сигурно функционираат системите. Од промовирањето на NGP на 26 јануари, возилата од Xpeng веќе поминаа повеќе од милион километри во Кина со нејзина помош.