Нова платформа и голема автономија
Кинескиот Xpeng претстави уште ден модел кој посебно ќе им биде интересен на Европјаните. Означен е како G6 и претставува спортски купе-кросовер чии електрични можности се базирани на нова платформа.
Ќе биде достапен во две верзии, со еден или два електромотора и максимални 300 односно 480 коњски сили. Иако без прецизни податоци за батериите, Кинезите ветуваат автономија од 750 километри како и дека архитектурата од 800 волти за само 10 минути полнење ќе обезбеди струја за 300 километри.
Меките линии го прават привлечен за око а минималистичката внатрешност е сосема очекувана. Може да се добие со воздушно ослонување а подоцна ќе стигнат и верзии опремени за автономно возење.
Продажбата ќе стартува после летото, а цените не се познати. Оваа компанија која започна да работи пред пет години лани продаде солидни 120 илјади возила и тоа со само три модели во понуда.



