Xpeng – ја проширува инвазијата

Вести Занимливости

Истоварени нови 200 возила

Пристојниот изглед и ниската цена пресудни за пазарот

објавено 10. февруари 2021

Поминаа само два месеци од првата испорака од сто примероци на електричниот кросовер Xpeng G3. Кинескиот производител на електрични автомобили испорача дополнителни 200 примероци во Норвешка каде првите се продадоа како алва. Токму оваа земја служи како тест балон за брендот и отскочна даска за продор на европскиот пазар. По рекордниот месец јануари со пораст на продажбата од 470 проценти, Xpeng објави дека активно бара дополнителни пазари. Покрај G3, компанијата нуди и електричен седан P7 и најави уште една лимузина за оваа година, која ќе биде опремена со LIDAR технологија. Оперативните системи и системите за асистенција на новите испорачани модели G3 во Норвешка добиваат „Over-the-Air “ ажурирања и не мора да одат во сервис.