Xiaomi SU7 – Прифатлива цена за покорување на пазарот

После стартот на домашниот пазар кој беше далеку поуспешен отколку што се очекуваше, Xiaomi се подготвува да започне со извоз!

Добра подлога за тоа доби со огромното интересирање што нивниот засега единствен модел SU7 го привлече низ целиот свет, дотолку што стотици автомобили преку приватен увоз веќе се најдоа на патиштата во разни земји вклучувајќи ја и Америка.

Според информациите кои доаѓаат од Кина Xiaomi веќе има вработено луѓе задолжени да ги подготват компанијата и автомобилите за странските пазари. Засега не се споменуваат никакви најави каде ќе се стартува но познато е дека SU7 летово беше на турнеја во Франција а сега во Италија. Сепак логично е да се претпостави дека прво ќе бидат нападнати пазарите во југоисточна Азија отколку Европа.

Xiaomi до крајот на ноември на домашниот пазар има продадено 114 илјади автомобили, што е за 70 отсто повеќе од планираното. Во моментов се работи на зголемување на производствените капацитети со цел 2025-тата да се пласираат  дури 400 илјади примероци, а ќе биде лансиран и втор модел.

Раководството на електронскиот гигант проценува дека автомобилите ќе учествуваат со една петтина во целокупните приходи на компанијата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER