Xiaomi Bestune :: Од мобилен телефон до автомобил

Од мобилен телефон до автомобил

Навистина, која е разликата?!

Објавено на 8 април 2019 година

Кинескиот производител на смартфони Xiaomi ќе дебитира во автомобилската индустрија со сопствен SUV модел. Веста која делува толку нестварно за да се запрашаме дали живееме на иста планета со нив всушност е последица на фактот дека денес за новите производи не одлучуваат инженерите туку маркетиншките одделенија. А тие велат дека оваа компанијата која и не е толку светски позната, е подготвена за нови предизвици токму во автомобилската индустрија. За старт ќе биде употребен прилагодениот модел T77 од еднакво непознатиот производител Bestune под ознаките на новата марка Redmi. Нема да биде електричен, но ќе чини околу 12.000 евра, што ќе го направи интересен за сите што мислат поинаку од нас. До информации за него тешко се доаѓа заради многуте називи под кои се пласирани вестите за него, но во основа се работи за возило претставено лани на салонот во Пекинг како концептен модел под ознаките на Besturn, марка која е во состав на големиот кинески производител FAW. Има должина од 4,5 метри и 1,2 литарски турбо мотор со 143 KS. За разлика од мноштвото други кинески возила внатрешноста му е прилично средена, што можеби и го предизвика Xiaomi да ја дополни со своите технологии. Сепак би било прерано да се шпекулира било што, но што ќе биде – ќе биде.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER