Италијанско-кинескиот производител на микро автомобили во Минхен најави проширување на пласманот
Ажурираниот модел на малку познатата компанија XEV има зголемени амбиции. По комерцијализацијата во Италија, на ред доаѓа Германија. Електричниот автомобил, долг 2,53 метри и широк 1,50 метри, има моќност од 15 kW, достигнува максимална брзина од 80 км/ч и има автономија од околу 150 километри.
Како алтернатива за полнење, батеријата од 10,4 киловати може да се замени за околу три минути на официјална станица за размена. Во Италија, XEV ги обезбеди услугите на снабдувачот со енергија ENI и постави над 30 станици во пет италијански градови. Посебна карактеристика на XEV Yoyo се страничните рабови на вратите.
Тие можат да се индивидуализираат со 42 различни лајсни изработени на 3D печатач. Yoyo е микро автомобил но има доволно простор за викенд-шопинг. Исто така, на високите луѓе им нуди доволно простор за главата.
Во внатрешноста има интегриран екран од 10,25 инчи. Функциите Apple Carplay и Android Auto се поддржани за навигација. Нјаголема пречка за XEV Yoyo е цената, Тој се продава, во зависност од опременоста, од 13.000 до 15.000 евра.



