WRC 2022 – Rally Monte Carlo

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Започна 50. сезона на Светскиот Рели шампионат

Денеска во Монте Карло, покрај големиот јубилеј, влегоа во историјата и плаг-ин хибридите!

Традиционално Светскиот Рели шампионат започнува од Монте Карло, каде годинава, покрај прославувањето половина век на ова атрактивно натпреварување, годинешниот шампионат влезе во историјата како прв во кого се натпреваруваат возила со плаг-ин хибриден погон. Новата Rally 1 категорија е во повој и има за цел да привлече што поголем број фабрички тимови во иднина, за да помогне во развојот на свеста за чиста човекова околина.

Во конкуренција се два фабрички тима на Hyundai и Toyota, додека Ford настапува преку M Sport. Според правилата на Rally 1 класата се воведува задолжителен електро-мотор од 100kW кој работи во тандем со бензинскиот 1,6 литрен турбаш кој досега се користеше во минатогодишниот циклус на WRC. Оваа комбинација овозможува до 500 КС во куси интервали! Користењето на хибридниот погон е задолжително на секој брзински испит. Дополнителната сила ќе се обезбедува со рекуперација која е главна храна на “power boost” модусот што се активира преку педалата за забрзување. Силата на електро погонот од 136 КС може да се пренесува преку три хомологирани мапи на работа кои ги бира секој тим посебно според типот и состојбата на подлогата. Во чисто електричен погон со батеријата од 3,9 kWh можат да поминат 20 километри, а нејзиното полнење во боксот трае половина час.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER