VW & Xpeng – Првото заедничко возило ќе биде електричен кросовер

Групацијата Volkswagen и нивниот кинески партнер за електрични возила XPeng изјавија дека првиот модел што планираат да го развијат заедно ќе биде кросовер

Според договор за соработка со платформи и софтвер, партнерите рекоа дека ќе започнат заедничка програма за набавка на делови за возилата. Поради волуменот на набавките трошоците ќе бидат намалени и произведените возила поконкурентни. Претстојниот кросовер ќе користи технологија базирана на платформата Едвард на Xpeng, која веќе се користи на моделот G9. Германците купија 4,99 отсто од Xpeng за околу 700 милиони долари и ги претставија плановите за заеднички лансирање на два БЕВ модели до 2026 година. Засега ова партнерство се однесува исклучиво за кинескиот пазар каде VW се обидува да го врати пазарниот удел изгубен од локалните ривали.

Се очекува обемот од заедничкото купување на компонентите, во комбинација со иновациите во фазите на дизајн и инженерство, ќе го намалат времето за развој за повеќе од 30 проценти. Лани VW ибјави дека ќе развие производствена платформа во Кина, изведена од нејзините модуларни MEB платформи за малите БЕВ и ќе користи повеќе локални компоненти за да ги намали трошоците на производство. Воедно, инвестирани се околу една милијарда евра во нов центар за развој и набавка на во Хефеи. Во 2022 година VW ја изгуби титулата на најпродавана марка на автомобили во Кина од BYD. Додека многу производители на БЕВ се тркаат да ги намалат трошоците, Xpeng соопшти дека ќе вработи 4.000 луѓе годинава и ќе инвестира милиони долари во вештачка интелигенција, за да ја преживее безмилосната конкуренција.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER