VW Transporter & Caravelle – Пристигна седмата генерација

Традицијата востановена во далечната 1949 доби нови наследници

Одделението за комерцијални возила на Volkswagen на смотрата во Хановер ги претстави своите две икони во обновено руво, подигнати на ново, повисоко ниво.

Новиот Transporter сега има повеќе простор, зголемена носивост, може да повлече потешки приколки и забележително зголемена економичност. Како што прилега на нова генерација, доби збогатен список на сигурносни системи што го олеснуваат неговото секојдневно користење.

Истото се однесува и на Caravelle, комбето што превезува девет патници. Прв пат во историјата на двете возила понуден е потполно електричен погон, приклучен хибрид и турбо дизел. Модерниот Bulli е скроен да одговори на потребите на секој клиент. Сега палетата се состои од новиот Transporter, Multivan и ID.Buzz. Производната линија Transporter опфаќа чисто комерцијални возила.

Volkswagen Commercial Vehicles го нуди новиот Transporter како комбе за транспорт на стоки, комбинирано комбе со товарен простор и два реда седишта, за превоз на патници и како двојна кабина со каросерија на платформа и долго меѓуоскино растојание.

Transporter може да собере до 9 кубни метри товар со тежина до 1,33 тони, а сега може да влече приколка тешка до 2,8 тона. Caravelle со девет седишта е дизајниран за комерцијален превоз на патници, шатл и минибус.

Caravelle е достапен и со продолжено меѓуоскино растојание. И Transporter како товарно комбе и Caravelle се достапни и во верзијата за сите терени PanAmericana. Дизел, хибриден и електричен погон, вкупно седум ефикасни погонски верзии ќе бидат достапни по лансирањето на пазарот.

За прв пат, оваа гама вклучува три TDI мотори, plug-in хибриден погон (eHybrid) и три електрични погони (e-Transporter и e-Caravelle). Моторите TDI испорачуваат 110, 150 и 170 КС. Верзијата од 150 коњи може да се нарача со погон на сите тркала 4Motion.

Приклучниот хибрид, eHybrid, има системска моќност од 232 КС и тој е комбиниран со автоматски менувач додека e-Transporter и e-Caravelle се лансираат со 136 КС, 218 КС и 286 КС со батерија од 64 kWh.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER