VW Tiguan -Ја започна кариерата во Америка

После европската лани, Volkswagen ја претстави третата генерација и на американската верзија на Tiguan. Овој модел кој од скоро нам ни е познат како Tayron и понатаму ќе се произведува во Мексико.

Значаен е за марката бидејќи е нивни бестселер таму, заради што не се експериментираше многу. Сосема познатите линии сега се попривлечни за американските купувачи, на чиј вкус се додворува и со неколку значајни подобрувања на модернизираната кабина во која има само два реда седишта.

За него е наменет унапредениот дволитарски турбо мотор со 201 коњска сила, спарен со осумстепена автоматика. Освен дека заради употребата на алуминиум е за 77 килограми полесен и дека може да влече приколка тешка до 820 килограми, германскиот производител остана краток за другите поважни податоци меѓу кои и потрошувачката.

Опременоста е на ниво какво се очекува од возило со цена од околу 30 илјади долари. Volkswagen лани во Соединетите Американски Држави има продадено 76 илјади примероци од досегашниот Tiguan.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER