VW Tayron – Нов глобален играч

Tayron е промовиран само неколку дена пред прикажувањето на салонот во Париз. Тој се позиционира помеѓу Tiguan и Touareg и има глобални амбиции

Кариерата на VW Tayron започна во Кина пред пет години, но за овој период стратезите од Волфсбург сватија дека има далеку поголем капацитет.

Покрај продолжувањето на кариерата во Кина, Tayron во европа ќе го замени Tiguan Allspace, но ќе биде понуден и од другата страна на Атлантикот. Со неговата должина од 4,77 метри тој е подолг за 231 мм од Tiguan и покус е за неполни 11 цм од Touareg.

Каросеријата му е поставена на 2.791 мм што му овозможува да има верзија и со седум седишта.

Теренецот се одликува со препознатлив дизајн со изразени стилски знаци од дизајнерскиот јазик на VW. Тие вклучуваат паметни фарови, задни светла имаат LED графика и поврзани се со модерна светлосна лента и лого што свети.

Се истакнува извајаната линија на профилот со акцент на задните браници. Изведбата R Line се одликува со поспортски доводи на предниот браник, заменувајќи ја „насмеаната“ решетка на стандардниот модел.

Како и големото мнозинство модели на VW со мотори на согорување, Tayron ја користи архитектурата MQB Evo. Погонските агрегати се заеднички со Tiguan, вклучувајќи бензински, дизел, мотори со благ хибрид и две верзии со приклучни хибриди.

Распонот на силата се движат од 150 КС за почетните верзии со 1.5 eTSI и 2.0 TDI, до 272 КС на најмоќната изведба со приклучен хибрид. Сите мотори се впрегнуваат со автоматски менувач со двојна спојка.

Во повеќето случаи, моќта се пренесува на предната оска, но системот 4Motion е достапен во комбинација со посилниот дво литарски TDI со 193 КС. Повеќе детали за VW Tayron ќе ви пренесеме од неговото лансирање во Париз.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER