VW – Taigo

Вести

Самба или Полка?

Мини кросоверот VW Taigo во Европа доаѓа од Бразил

објавено 05. септември 2021

Спектарот на кросовери во Фолксваген се проширува. Овој пат засилувањето доаѓа од погоните на марката, но од Латинска Америка. Taigo може да се конфигурира и нарача во Германија, а набрзо ќе биде понуден и на останатите пазари на континентот. Промотивните цени започнуваат од 19.350 евра. Со должина од 4,27 метри, Taigo го надминува Polo за околу 20 сантиметри и е достапен во три нивоа на опрема. Подоцна ќе следи врвната изведба R-Line. Опсегот на двигатели се протега од основниот бензинец со 95 КС впарен со пет брзински мануелен менувач, има варијанта со 110 КС па сé до најсилниот мотор со 150 коњи и седум степен DSG.