Австрискиот специјалист за теренски возила ќе развива моделите за марката Scout на Volkswagen.
Со цел да ја зголеми продажбата во Северна Америка VW најави дека под брендот Scout ќе почне да произведува пикапи и теренци со електричен погон. Производството се очекува да започне до крајот на 2026 година, а дека ова не се само празни зборови потврдува договорот вреден 450 милиони евра кои VW ги уплатил на Magna Steyr. Австрискиот специјалист за теренски возила, кој ја произведува класата G за Mercedes-Benz во Грац, веќе работи на развој каде се ангажирани инженерите на Magna во Грац и во САД.
Како што беше на почетокот на годинава објавено, воскреснатата марка Scout, првично ќе понуди теренец и пикап кои треба да бидат подготвени за сериско производство до крајот на 2026 година. Ако остане на своите првични планови, VW ќе изгради фабрика во Америка за склопување на возилата Scout во Блитвуд, во близина на Колумбија, Северна Каролина.