VW – Polo GTI

Вести насловна

Старо школо со нова програма!

Шестата генерација на Polo експресно ја доби изведбата GTI

објавено 01. јули 2021

Кога се коментира пазарот на субкомпактни GTI верзии не може да се занемари сериозниот удар кого му го нанесе електрификацијата. Во игра останаа играчи што можеа да се набројат на една рака. Традицијата на трите големи букви налага фокусот да е на перформансите и моторот со адекватни дизајнерски интерпретации. Каросеријата е спуштена за 15 милиметри за да се оствари најдобро налегнување на подлогата во име на возните својства.

Таа може да се нарача во пет бои и поставена е на сериски 17 инчни тркала. Што се однесува на струјата, таа не е повикана да помогне околу перформансите, но затоа GTI верзијата е ризница на електронски помагала. Задолжени за активно асистирање во возењето седењето зад управувачот ќе биде своевидно задоволство. Тука сликата ја надополнува инфо-забавниот и конективниот систем. Би било безпредметно да се набројуваат сите…

Во GTI класата орото го водат со бензин инфицирани купувачи. Затоа гордо се истакнува дека целата работа на плеќи ја носи дволитрениот турбо-бeнзински мотор со вртежен момент од 320 Nm, но сега произведува 207 КС. Ова овозможува да се совлада спринтот до стотка за 6,5 секунди и да се достигнат максимални 240 км/ч. Во исто време, просечната потрошувачка е смалена на 5,5 литри бензин во согласност со стандардот NEDC.

Дел од одговорноста за овие многу добри вредности не треба да биде само фината работа на моторот туку и седумстепениот менувач со двојна спојка. Сѐ уште не се објавува цената која е второ степена во овој случај. Најважно е што се покажани заби на електриката и задржани се традиционалните вредности на класата.