VW Polo GTI – Audi A1 40TFSI

Новитети

Враќање на жешкитe фраери

Најсилните деривати на VW Polo и Audi A1 повторно на сцена!

објавено 05. април 2021

Пред половина година моќните изведби на Polo и А1 исчезнаа од ценовниците. Поборниците на малите перформансни автомобили стравуваа дека се пензионирани и се жртва на електрификацијата. Групацијата беше воздржана во коментарите, но сега е јасно дека направен е чекор назад за два напред. На сцена стапија VW Polo GTI и, сходно на тоа, и неговиот поблагороден сестрински модел Audi A1 40 TFSI. Дволитрениот турбо-брнзински мотор го задржа вртежниот момент од 320 Nm, но сега произведува 207 КС.

 

Ова овозможува да се совлада спринтот до стотка за 6,5 секунди кај двете марки, но А1 со максимални 245 км/ч е за нијанса побрз од Polo. Во исто време, просечната потрошувачка е смалена на 5,5 литри бензин во согласност со стандардот NEDC. Дел од одговорноста за овие многу добри вредности не треба да биде само фината работа на моторот туку и седумстепениот менувач со двојна спојка. Струјниот удар допринесе понудата во класата на мали GTI автомобили  да остане скоро празна. Честа ја бранеа Ford со Fiesta ST која има 200 КС и Mini со John Cooper Works кој со 231 КС останува најсилен во друштвото. Патем речено, наскоро Hyundai ќе се вклучи со i20 N, додека Toyota GR Yaris ќе игра во посебна лига.