VW – Империјата го возвраќа ударот

Со претставувањето на концептот ID Code SUV, Фолксваген воведува нова субмарка за ЕВ ориентирана  на младите кинески купувачи

Фолксваген е во мисија да го врати уделот на пазарот во Кина, откако BYD ја превзема лидерската позиција на продажба на автомобили на најголемиот светски пазар. На салонот на автомобили во Пекинг, кој започна денеска, Фолксваген го покажа концептот ID Code SUV. Најавен е како предвесник на целосно нова генерација кросовери за Кина со нов изглед насочен кон потребите и желбите на кинеските клиенти.

На презентацијата, извршниот директор на марката Томас Шефер, најави лансирање подбренд за електрични возила наречени ID.UX, дизајниран да ги привлече помладите клиенти. Првиот автомобил на ново формираниот подбренд ќе се вика Unyx и ќе се лансира годинава. Без да открие детали, Шефер посочи дека новата подмарка ќе се одликува со прогресивен надворешен изглед и ќе има возачки ориентиран ентериер со нов дисплеј и интерфејс со екран на допир дизајниран да ги привлече помладите купувачи.

Според планот на волфсбуршката империја е од 2026 година да го превземе лидерството во групата на најпродаваните три марки во Кина, а инвеститорите ги информира дека компанијата постави цел да достигне продажба од четири милиони возила годишно до 2030 година. Остварувањето на оваа агенда ќе донесе оперативен профит од три милијарди евра годишно.

Затоа ги мобилизира сите сили што се на располагање таму. Фолксваген ќе произведува четири модели на електрични возила во почетниот сегмент на ново развиена архитектура наречена Кинеска главна платформа (CMP) почнувајќи од 2026 година.

Неа ја развива Volkswagen China Technology Company со цел да го намали времето за развој за 30 отсто. Тука се вбројува и партнерството со Xpeng со кого VW ќе развие платформа наречена China Electrical Architecture (CEA) за локални електрични возила под брендот VW од 2026 година за да обезбеди возила дефинирани со софтвер. Двајцата партнери имаат цел да ги намалат трошоците за 40 отсто за платформата развиена во Кина во споредба со архитектурата MEB на VW, развиена од Германија.

VW, исто така, ќе лансира 12 нови модели со мотори со внатрешно согорување и шест приклучни хибриди до 2030 година со електрична автономија до 100 километри. Концептот ID Code беше претставен како лице на иднината на Фолксваген во Кина, со интерактивно осветлување, асистент „аватар“ со вештачка интелигенција и автономно возење на ниво 4.

Возилот е дизајнирано да биде „подвижен простор за живеење“. Фокусот на VW на паметните интерактивни карактеристики е одговор на кинеските конкуренти како што се BYD и Geely, кои ставија голем дел од внатрешноста на фокусот на екраните и поврзаните функции.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER