Собирот на љубителите на електричните возила на VW во Лакарно, искористен за прикажување интересен концепт
Како основа за привлечниот мускулест концепт послужи ID.7 кој претрпе сериозни промени. Визуелниот отисок покажува дека каросеријата е спуштена за 60 мм додека големиот спојлер и 20 инчните тркалата укажуваат на многу повеќе сила.
Единствениот погонски агрегат достапен на тековниот сериски ID.7 е погон на сите тркала со двоен мотор кој испорачува 210 kW, иако веројатно наскоро ќе бидат додадени помалку моќни верзии.
ID.X Performance ќе има речиси двојно повеќе моќ која би требала да достигне повеќе 400 kW! Доклку овој концепт стане реалност, тогаш VW ќе им конкурира на Tesla Model 3 и BMW i4.
Згора на тоа маркетерите од Волфсбург најавија можност да се лансира и караванска верзија, потфат што досега не се подготвени да го направат производителите на електрични возила.
Засега целта е постигната со кревање на огромен облак прашина зад покажаниот концепт. Ова покажува дека VW ја напушта помалку здодевната стратегија околу ЕВ и сака да внесе нов ветер во своите едра.
Праксата покажува дека штом VW покажува концепт, тој станува и сериски модел во следните неколку години. Ракавицата е фрлена, останува само да видиме кога и во која форма ќе се појави лошто момче од Волфсбург.