Како дел од стратегијата „Во Кина, за Кина“, Volkswagen го претстави ID Unyx специјално развиен за кинескиот пазар
Кога ги гледаат официјалните фотографии, европските поклоници на VW стануваат помалку љубоморни на Кинезите.
ID Unyx иако со дизајн и содржини во возилото специјално прилагодени на вкусовите и потребите на кинеските купувачи побудува интерес и на останатите љубители на марката низ целата планета. VW покажува колку е посветен на кинескиот пазар, а за сега не размислува претставениот модел да го лансира глобално и, барем за сега, останува фокусиран само на Кина.
Новиот ID Unyx, кој по вокација е електричен купе кросовер, нуди прилагодлив 3D аватар со кого може да се водат разговори. Автономијата е повеќе од 600 километри. VW сака да го воспостави ID Unyx како подбренд во Кина со ексклузивни продавници и на тој начин да им се допадне првенствено на младите купувачи во големите градови во земјата.
Во следните три години треба да следат уште четири модели. Основната верзија на ID Unyx има мотор од 210 kW со погон на задната оска. Батеријата има нето капацитет од 77 kWh. Ќе има и верзија со погон на сите тркала со два електромотори и моќност од 250 kW.



