VW ID Buzz – Ќе има повеќе изведби

Amarok на струја?

Од самото лансирање VW ID Buzz ќе биде достапен во две верзии како Van People со пет седишта и како Transporter Cargo со две или три седишта и посебен товарен простор. Најавени беа и верзии со подолго меѓуоскино растојание, па првата скица што ја дистрибуира главниот дизајнер на семејството ID, Клаус Зикиора, посочи уште еден можен модел. На неговиот Instagram профил ја постави скицата на возило со кабина со два реда седишта, четири врати и отворен простор за товарење или народски кажано – пикап. Скицата е заснована на студијата ID Buzz од 2017 година и го носи работно име ID Buzz Doka. Јасно е дека на финесите ќе има уште измени, но препознатливиот изглед на електричните возила од Волфсбург ќе се задржи. ID Buzz со двојна кабина може да се појави на пазарот во неколку нивоа на моќност и со различни големини на батерии. За сега неблагодарно е да се прогнозира дали и кога електричниот Amarok ќе влезе во производство, но повеќе од извесно е дека тоа може да се случи во скора иднина.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER