VW ID.7 Pro S – Нов подвиг, извозени 941 км со едно полнење на батеријата

Дека Volkswagen е потполно посветен на својата електрична иднина покажуваат напорите компанијата перманентно да ги усовршува своите ЕВ. Најнов пример е тестирањето направено на патеката Нардо во јужна Италија. На неа  ID.7 Pro S со стандарден технолошки пакет и мотор од 210 kW (286 КС) помина растојание од 941 километар со само едно полнење на батеријата која има нето капацитет од 86 kWh. Ова значително го надмина максималната автономија декларирана според WLTP во комбинирани услови за 232 километри или 32,7 отсто.

Тест возењето се одвиваше со професионални возачи на Volkswagen Driving Experience на кругот за мала брзина на Нардо на амбиентални температури од 5 до 15 Целзиусови степени. Патеката долга 12,5 километри овозможува ефективно симулирање на широк спектар на сообраќајни сценарија и тестови на издржливост. Просечната брзина за време на тестот за ефикасност беше 29 км/ч, што одговара на типичните брзини на сообраќаен метеж во големите градови. За време на возењето  долго 941 километар, ID.7 Pro S имаше просечна потрошувачка од само 9,2 kWh/100 км што е исклучително ниска бројка.

Претворена во еквивалент на  дизелот, постигнатата просечната потрошувачка одговара на само еден литар на 100 км. Треба да се напомене дека автомобилот не претрпе никаква форма на техничка модификација за тестот, туку дојде од тековното производство во фабриката за електромобилност во Емден. Темелите за извонредната ефикасност на ID.7 Pro S се аеродинамика со коефициент од 0,23 и иновативниот погон со висока ефикасност, познат како APP550 кој е економичен и моќен. На ова се надоврзува и брзото полнење на батериите кои од 20 до 80 проценти се полнат за 29 минути. Овие остварувања го прават ID.7 Pro S идеален електричен автомобил за долги патувања.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER