VW ID 3 – интересен за дебитантите

Занимливости насловна

Магнет за нови купувачи

Дури половината од купувачите на VW ID 3 доаѓаат од други марки

објавено 07. октомври 2021

Во првата година од производството на првиот потполно електричен модел Фолксваген продаде околу 144.000 возила. Од Волфсбург открија дека речиси половина од сите купувачи се прв пат муштерии на VW кои претходно возеле само модели од други брендови. Во просек, стапката на нови клиенти во Фолксваген е околу 36 проценти. Во многу земји, ID 3 ја зазема првата позиција меѓу новорегистрираните електрични автомобили и, заедно со ID 4, ја направи компанијата лидер на пазарот за електрични автомобили со батерии во Европа. Со цел да се задоволи високата побарувачка, вкупно околу 1200 примероци на ID 3 дневно излегуваат од производствените линии во Цвикау и Дрезден. Во Антинг, Кина, започна и производството за локалниот пазар, каде автомобилот ќе биде пуштен во продажба наскоро.