VW ID.3.1 – Апдејтирана првата генерација

Подобрување на карактерот

По 30 месеци на пазарот, првенецот на семејството ID доби освежувања според желбите на корисниците

Во освежувањето на ID.3 во голема мерка учествуваа сугестиите добиени од купувачите за да се продолжи успешната прикаска креирана со овој модел. Доколку се земе во предвид дека токму ID.3 е најдобро продаван во семејството на електрични возила на VW, не зачудува брзата интервенција во подобрувањето на позициите на кои се добиваа критики од корисниците.

За среќа тие не беа големи, па затоа од Волфсбург се одлучија да ги исполираат критикуваните елементи со нивно ажурирање. Веќе на првите фотографии се гледа дека надворешниот дизајн доби на зрелост а материјалите и самата внатрешност значајно се подобрени. На екстерирерот забележлив е новиот браник кој го карактеризира изострениот изглед со оптимизирани отвори за проток на воздухот околу предните тркала подобрувајќи ја аеродинамиката.

Со отстранувањето на црната лента испод ветробранското стакло добиен е визуелен ефект на издолжување на хаубата, а на задниот дел доминираат дводелните стоп светла. Внатрешноста комбинира модерен дизајн и одржливи материјали. VW користи микрофибер материјал на сите тапацирани површини изработен со големо учество на рециклирана пластика.

Производителот нагласува дека Artvelours Eco ги има истите карактеристики во однос на изгледот, чувството и издржливоста како конвенционалните материјали. Кокпитот и сите меки површини сега се обрабени со пена, ремоделирани се облогите на вратите кои добија поголеми и помеки површини. Сепак на корисниците од поголемо значење ќе им бидат подобрувањата посветени на самото користење на ID.3.

Олеснето е приклучувањето на полнење и користењето на интелигентниот Планер за патување. Со најновите ажурирања, за подолги патувања, тој ги пресметува неопходните застанувања за полнење за да се стигне на целта за најкусо можно време при тоа користејќи тековни информации сообраќајот споредувајќи ги со енергијата во батеријата. Запирањата за полнење се усогласуваат со капацитетот на станиците за полнење, па планерот може да избере две застанувања на полнач со голема моќност наместо едно со послаб полнач. Опционалниот Планер за патување доаѓа во комбинација со адаптибилен темпомат и возење во лента. Обновениот ID.3 е опремен со најновата генерација на софтвер што ги подобрува перформансите на системот, може да прима надградби „преку воздух“ додека сите протоци на информации што се користат за електронските активни асистенти на возачот користат swarm податоци, односно информации добиени од повеќе извори што се собираат централно и се дистрибуираат посебно на секој корисник.

За жал оваа услуга се однесува, барем за сега, за земјите од ЕУ и Велика Британија. Сите овие ажурирања ќе придонесат за подобро корисничко искуство, норма која секогаш била високо рангирана кај VW, а со сигурност ќе се пренесат и кај останатите пет членови на семејството ID.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER