Ограничен на 333 возила, специјалниот модел има погон на сите тркала и 333 коњи
Заснован на Golf R Performance денеска преставената едиција на Golf ја зоврева крвта во жилите. Како да е скроена за врвни тркачки остварувања, со своите податоци несомнено се вбројува во друштвото на најжешките остварувања во компактната класа.
Погонот на сите тркала и R-Performance Torque Vectoring, вклучувајќи го и менаџментот за динамика на возењето, обезбедуваат стабилност и максимална брзина од 270 km/h. Golf R 333 е обоен во варово-жолта металик боја, најверојатно да биде забележан, не само слушнат, кога ќе пролета покрај останатите. R-Performance Torque Vectoring вклучително и менаџментот за динамика на возење не само што ја распределува моќта на погонот помеѓу предната и задната оска, туку и помеѓу двете задни тркала.
Дополнителниот спортски изглед може јасно да се почувствува во облините. Додадени се два режими на возење. Drift и Special, дизајнирани за Нурбургринг, овозможуваат дополнителна забава во возењето подалеку од јавните патишта. Издувниот систем R-Performance од Akrapovič со титаниумски задни пригушувачи и црни 19-инчни тркала Estoril со полу-слик пневматици го нагласуваат тркачкиот карактер на специјалниот модел.
Оваа изведба е наменета само за 333 среќлии. Ако сакате да си ја обидете среќата, петок втори јуни е денот. Отежителна околност е што кај нас е неработен ден. Испораката е планирана за во октомври оваа година.


