VW – Електрични возила

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Бум на БЕВ!

Групацијата Фолксваген во трите квартали го дуплира пласманот на електрични автомобили.

објавено 20. октомври 2021

И покрај кризата со полупроводници, 122.100 електрични возила со батерија беа предадени на клиентите во периодот од јули до септември. Ова одговара на зголемување од 109 проценти во споредба со истиот квартал од претходната година. Во првите девет месеци на годинава беа испорачани вкупно 293.100 БЕВ низ целиот свет што е повеќе од двојно отколку во истиот период од претходната година (+ 138%). Истото важи и за плагин-хибридните возила (PHEV), кои со 246.000 примероци од јануари до крајот на септември, исто така, повеќе од двојно ја зголемија продажбата во однос на истиот период од претходната година (+133%).

Најголем пораст на пласманот на БЕВ се бележи во Европа каде се продадени 209.800 возила. Во САД, со продадени 27.300 електрични возила, групата е на второто место во сегментот на целосно електрични возила со пазарен удел од околу 8 проценти. Во Кина, 47.200 БЕВ беа испорачани до крајот на септември. Генерално, повеќето продадени електрични автомобили имаат лого на VW (167.800). Во статистиката влегува Audi со 52.800, Škoda со 32.100, Porsche со 28.600 и ЅЕАТ со 8.800 возила. Бестселери се VW ID 4 со 72.700 возила, а потоа следи помалиот ID 3 со 52.700 единици. Audi e-Tron со 36.100, Prosche Tycan со 28.600 и Škoda Enyaq со 28.200 возила.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER