VW California Beach – Наполни 20 години

Замислен како кросовер помеѓу комбињата Multivan и California, California Beach првпат беше лансиран во 2005 година

На самото претставување го носеше името Multivan Beach, а од 2007 година се нуди како California Beach. Како комбе за секојдневна употреба, но извонредно погоден за кампер, третата генерација сега е достапна во три верзии. За да ја одбележи годишнината од овој иконски кампер, VW Комерцијални возила, на саемот во Диселдорф што ќе се одржи од 29 август до 7 септември о.г., ќе го претстави специјалниот модел Beach Camper Energy, чија опременост нудејќи заштеда до 4.600 евра. Новиот модел е базиран на California Beach Camper, но е специјано опремен. Сериски се добива тенда монтирана на страната на совозачот, шини за тенда од двете страни на возилото, три зонска климатизација, систем за затемнување со ролетни и термички подлоги.

Дека овој модел е погоден и за зимски патувања и кампирања докажува грејачот на кабината со одмрзнувач за шофершабна. На возачот работата ќе му ја олеснува Travel Assist, пакет за паркирање со асистенција на управување со паркирањето, сензори за паркирање напред и назад и камера за заден поглед. Верзијата Energy исто така доаѓа со напреднен светлосен систем со автоматски долги светла, динамична контрола на опсегот на фаровите, сензор за дожд, светла за неповолни временски услови, вклучувајќи осветлување во свиоци, и автоматски затемнувачки внатрешен ретровизор. Надворешноста може да се препознае преку црни 17 инчни алуминиумски тркала со висок сјај. Верзиите California Coast и Ocean исто така ќе дебитираат со пакетот Energy.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER