VW Arteon – На стероиди

Костум со патики?!

Arteon се закити со буквата R

објавено 11. декември 2020

Не помина ниту еден месец од претставувањето на Golf R, на сцена стапуваат уште две изведби од Волфсбург.  Arteon и Arteon Shooting Brake се во производство од есенва, а како Божиќен подарок пристигнуваат нивните најсилни изведби. За оваа прилика повикан е дволитрениот турбо-бензински TSI мотор, оној истиот од Golf R, но посилен за 5 коњи. Неговите 320 КС се пренесуваат на сите тркала  преку докажаниот 4MOTION погон засилен со R-Performance Torque Vectoring. Вака стокмените изведби спринтаат до стотка за 4,9 секунди и продолжуваат до електронски лимитираните 250 км/ч. Оние кои ќе ги нарачаат Arteon R и Arteon R Shooting Brake без ограничување ќе може да достигнат до 270 км/ч! Ваквата сила ја надгледува последната генерација на електрониката преку погонот на сите тркала, векторирањето на вртежите и новиот заден диференцијал што ја дистрибуира силата помеѓу предната и задната оска и помеѓу задните тркала посебно што значително ја подобрува агилноста во свиоци. На ова не може да не се додаде присуството на електронската блокада на диференцијалот и системот за контролирање во свиоци. Во Германија порачките веќе се примаат по цена од 61.485 евра за Arteon R и 900 евра повеќе за Arteon R Shooting Brake.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER