Водородот во фокус

Новиот концепт автомобил на Renault треба преку водород да доведе до декарбонизација

објавено 22. февруари 2022

Со закажана премиера во мај Renault ќе даде нова визија за развојот на погоните со нулта емисија на штетни гасови. Декарбонизацијата е започната во процесот на производството на возила и ќе биде крунисан со можна нова генерација модели што ќе го користат водородот како погонско гориво без да се прецизира кој систем ќе се користи. Најверојатно тоа ќе бидат горивните ќелии. Се нагласува дека и материјалите што ќе се користат за изработка во голема мерка ќе бидат рециклирани. Овој уникатен концепт ги претставува заложбите за одржлив енергетски развој на Групацијата со размислувања за чиста и безбедна мобилност. Дизајниран под раководство на Жил Видал, Директор за дизајн на Renault, овој концепт автомобил е дел од неодамна објавената цел на компанијата за потполна електрификација на гамата до 2030 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER