Фолксваген ги заобиколи Србија и Македонија » Инвестицијата оди во Турција или Бугарија

Инвестицијата оди во Турција или Бугарија

Германските медиуми објавија, турските пренесоа, а другите сé уште молчат – Фолксваген преговара со Турција и Бугарија

Објавено на 25 јуни 2019 година

Според веќе потврдени информации, шефот на Фолксваген Херберт Дис оваа недела ќе патува за Истанбул на решавачки разговори дали новата фабрика вредна милијарди евра ќе биде во Измир или пак некаде во Бугарија – Србија и Македонија веќе не се во игра, а Романија одамна е испадната од комбинација. Вистинитоста на веста дека Турција е атрактивна локација за новиот производствен капацитет на групата ја потврди и портпаролот на Фолксваген, кој додаде и дека се водат конкретни преговори и разговори на високо ниво, но и дека одлуката сè уште не паднала, притоа воопшто не споменувајќи било што за другите кандидати. Локацијата што им падна во очи на Германците се простира на околу 40 хектари во близина на Измир, каде по сé изгледа ќе никне фабрика за производство на Шкода Карок, Сеат Атека, а можеби и на Пасат и Суперб. Се проценува дека ќе бидат инвестирани меѓу 1,3 и 2 милијарди евра, во кои турската влада ќе учествува со поддршка од околу 100 милиони. Планираната фабрика треба да има годишен капацитет од 300.000 возила.

Фолксваген групата сега е присутна во Турција преку подружницата на МАН која во Анкара произведува автобуси, а од земјата за сите свои операции заедно набавува  компоненти и делови за повеќе од 1,2 милијарди евра годишно. Одлуката за тоа дали ќе се гради во Турција може да биде донесена во наредните две недели. Последен пат Турција виде големи инвестиции во автомобилската индустрија во 1997 година од страна на Тојота и Хонда.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER