Време е за одмори, горивата поевтинија
Објавено на 11 јуни 2018 година
Оние од нас што ќе отпатуваат сега на одмор ќе имаат повеќе пари за трошење – регулаторната комисија за енергетика ги поевтини горивата. Колку ќе заштедат зависи до каде ќе отпатуваат, бидејќи поевтинувањето изнесува по 1,50 денари за литар од сите видови горива. Така, од ноќеска на полноќ за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 72 денари, за еуросупер БС-98 по 74, а за еуродизелот Д-Е V по 63,50 денари за литар. Според регулаторната комисија, ова предодморско поевтинување на дериватите се должи на намалувањето на цената на суровата нафта на светскиот пазар која во изминатиот 14-то дневен падна за 4,75% и на референтните цени на нафтените деривати – бензинот за 3,51% и дизелот за 3,11%. Поевтинувањето ќе беше поголемо, но тоа го спречи покер-партијата меѓу лидерите на САД и Јужна Кореја која го поскапе доларот за 0,899%.