Volvo – Подготвува отказ за 2.500 работници

По големите оперативни загуби  шведскиот производител планира кратење на работните места

Иако кинескиот Geely е сопственик на Volvo, тоа не го исклучува од силната кинеска конкуренција. Во услови на силна конкуренција од кинеските производители на автомобили, царините и слабата побарувачка ја погодија продажбата во Соединетите Американски Држави. Компанијата објави оперативна 373 милиони долари за годинешниот трет квартал, што е намалување во однос на истиот период во 2025 година за 600 милиони долари.

Volvo соопшти дека, покрај претходно најавените намалувања на трошоците, ќе ги намали индиректните трошоци и варијабилните трошоци. Околу 2.500 работни места ќе бидат изгубени на глобално ниво, од кои 2.000 се во Шведска, бидејќи групацијата ги прекинува договорите со консултанти, применува природно отпуштање и нуди „таргетирани пакети за излез“ на вработените.

Групацијата долго време се мачи да остане профитабилна поради намалената побарувачка, тешките услови во Кина – каде што приходите се намалија за речиси 50 проценти во третиот квартал и притисокот од високите трошоци и тарифи. Најновите мерки ќе влијаат на околу 6 проценти од работната сила на Volvo и треба да бидат завршени до средината на 2027 година. Цената на акциите на групацијата достигна рекордно ниско ниво и од почетокот на годината бележи пад од 54 отсто.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER