Volvo превозник на филмаџиите
„И покрај се“, со подршка од Volvo, ја сврте 42-ката!
објавено 16. октомври 2021
Меѓународниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки” минатиот месец се одржа по 42. пат. Битолскиот е уникатен фестивал и ужива голем углед меѓу кинематограферите бидејќи се слави нивната умешност приказната да се раскаже низ слики. Преставувајќи го брендот Volvo Македонија ги понуди своите услуги остапувајќи возила на Volvo да бидат официјалното превозно средство на фестивалот. Гостите за време на својот престој имаа прилика да уживаат во софистицираноста и елеганцијата на моделите на Volvo XC60 и XC40. Поголемиот е прогласен за најбезбеден автомобил во светот во 2017 година додека другиот е првиот компактен кросовер со освоена титула во изборот за Европски автомобил на годината.
Во главна конкуренција на фестивалот беа 10 долгометражни и уште толку краткометражни филмови. Меѓу нив два македонски филмови: „Сестри“ со кој се отвори фестивалот, а меѓу краткометражните „Северен пол“ кој се емитуваше на затворањето. Финскиот кинематографер Јани-Петери Паси ја доби наградата „Златна камера 300“ за филмот „Купе број 6“ на годинешното 42. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. Особено внимание предизвикаа работилниците со добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело, Кристијан Бергер и на композиторката Џослин Пук. Бергер зборуваше за неговиот изум со рефлексии во осветлувањето на филмските сцени, додека композиторката Пук го објасни процесот на создавање на музичката подлога во филмовите.