Volvo EX30 – Производство во Белгија

Volvo EX30 стана европски производ

Volvo EX30 во иднина ќе излегува од погоните на компанијата  во Белгија. На Швеѓаните не им беше тешко да ја донесат оваа одлука бидејќи EX30 е втор најпродаван електричен модел кој доаѓа од Кина и за него лани во Европа се одлучија 78 илјади купувачи. Колку ќе заштеди компанијата не е објавено но заради повисоките трошоци секако нема да биде 28,8 отсто колку што досега се наплаќаше царина за него. Но тоа и не е така битно бидејќи овој чекор има големо значење за Geely – покрај со Lynk & Co 02 и Zeekr X малиот EX30 ја дели платформата уште и со Smart #1 и #3 со што се отвора можност и за нивно производство во Европа. Во фабриката на Volvo во Гент од која сега излегуваат и CX40, EC40 и V60 се вработени нови 350 лица со што вкупниот број работници се искачи на скоро 6.600 луѓе.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER