Volvo EX30 – Cross Country

Претставен 2023-та година, електричниот Volvo EX30 веднаш стана омилен избор на европските купувачи.

Тогаш беше и покажан концепт на Cross Country верзија која го предизвикуваше авантуристичкиот дух но сé досега се чекаше на нејзиното појавување во продажба.

Иако во однос на стандардниот модел се разликува само по детали, нуди сосема поинаков пристап кој го менува карактерот на возилото и создава желба за истражување на далечините на недопрената природа.

Растојанието од подлогата е зголемено за 19 милиметри, а има и дополнителни заштитни елементи на каросеријата за планинските излети да бидат полесни. Погонот е на сите тркала овозможен од двата електромотора со 428 коњски сили. а задното ослонување е модифицирано за подобро апсорбирање на теренските нерамнини.

Сликата ја заокружува посебен опционален пакет составен од багажник на покривиот и разна опрема за предизвиците што ги носат авантуристичките патувања. Иако е повеќе од способен да се носи со тешките услови кои се составен дел од животот надвор од урбаните центри, неговите пропорции му обезбедуваат одлично снаоѓање во возењето низ град.

Автономијата му изнесува 427 километри а за полнење на батериите се потребни 26 минути. Испораките ќе започнат оваа пролет по цени кои треба да бидат за околу две илјади евра повисоки од најскапата изведба на стандардниот EX30.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER