Volvo EX30 Cargo – Возило за премиум пратки

Volvo го претвори EX30 во електрично комерцијално возило со две седишта

EX30 можеби е најмалиот теренец во линијата на Volvo, но тоа не го спречи брендот да го претвори во функционално возило.

Со отстранување на задната клупа добиени се 1.000 литри простор за товар. За да го направи навистина употреблив, Volvo додаде преграда за да го одвои товарниот простор и додаде поцврсти внатрешни панели.

Задните врати се отвораат пошироко, има дополнително работно светло, а подрамката на подот додава дополнителни точки за монтирање. Носивоста е 390 кг. И покрај неговата улога фокусирана на работа, EX30 Cargo ги задржува перформансите, безбедноста и технологијата на стандардниот модел.

Исто така, во понуда се сите моќности кои како и кај патничката изведба. Основното ниво нуди 150 КС, додека водечкиот модел со два мотори и погон на сите тркала испорачува 428 КС. Засега, Volvo EX30 Cargo е наменет само за Велика Британија и наменет е исклучиво за флоти.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER