Volvo EX30 стана европски производ
Volvo EX30 во иднина ќе излегува од погоните на компанијата во Белгија. На Швеѓаните не им беше тешко да ја донесат оваа одлука бидејќи EX30 е втор најпродаван електричен модел кој доаѓа од Кина и за него лани во Европа се одлучија 78 илјади купувачи. Колку ќе заштеди компанијата не е објавено но заради повисоките трошоци секако нема да биде 28,8 отсто колку што досега се наплаќаше царина за него. Но тоа и не е така битно бидејќи овој чекор има големо значење за Geely – покрај со Lynk & Co 02 и Zeekr X малиот EX30 ја дели платформата уште и со Smart #1 и #3 со што се отвора можност и за нивно производство во Европа. Во фабриката на Volvo во Гент од која сега излегуваат и CX40, EC40 и V60 се вработени нови 350 лица со што вкупниот број работници се искачи на скоро 6.600 луѓе.


