Volvo се грижи за своите патници

Volvo се грижи за своите патници

Некому можеби нема да му се допадне, но шведскиот производител од 2020 година ќе ја ограничи максималната брзина на своите возила

Објавено на 24 март 2019 година

Овој потег е дел од планот според кој од наведениот термин во новите модели на Volvo никој не треба да загине. На негово остварување интензивно се работи веќе со години, па така новите генерации возила на оваа марка се опремени со низа системи од активната и пасивна безбедност. На нив ќе им се придружи и лимитирање на максималната брзина на 180 километри на час, кое според Швеѓаните нема да може да се исклучи. Тоа би било можно само во посебни случаи, како на пример кај полициските автомобили. Освен ова, инженерите на Volvo истражуваат и други можности за ограничување на брзината во близина на училишта и болници. Тоа би функционирало во содејство со системите за навигација и читање на сообраќајните знаци, со што дополнително би се зголемила безбедноста во овие подрачја.

Според маркетиншките стручњаци на Volvo, ваквите ограничувања нема да се одразат на продажбата. Освен дека 180 километри на час се сосема доволни тие сметаат дека типичните купувачи на марката не се такви да ризикуваат со поекстремни брзини, дури и на германските автопатишта.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER