Volvo има нов домаќин во Македонија
АГС Групата е ново име на нашиот пазар, но со познати протагонисти
Објавено на 8 октомври 2018 година
Во иднина, автомобилите на Volvo во Македонија ќе ги пласира АГС Групата. Името е ново, но протагонистите познати – реорганизирајќи го своето работење, Премиум Ауто Центрум заминува во историјата и се припојува кон споменатата група како Премиум АГС. Во нејзин состав ќе бидат уште неколку компании од автомобилската сфера. За продажба и сервис на производите на Bosch ќе биде задолжен АГС Контрол. Посебно одделение ќе настапува како продолжена рака на германскиот TUV Nord, не само во Македонија туку и пошироко. Понудата на услуги ќе биде заокружена со АГС Рент-а-кар и ЕОС Брокер. Што се однесува до Volvo, марката е застапена со комплетната своја гама. Веќе се присутни автомобилот на годината во Европа XC40 и новиот V60. Се очекува да пристигне и S60 кој ќе се произведува во Америка. Но најголемите новости ќе следат напролет, кога во понудата на АГС Групата ќе се вклучат уште две автомобилски марки со кои засега уште се преговара. За сите нив се подготвуваат нови салони веднаш до постоечкиот.