Volvo – Дизелот вгодина заминува од понудата

Швеѓаните се откажуваат од дизел моторите во име на елктричната иднина

Откако електромоторите ја презедоа доминацијата во работењето и продажбата Volvo одлучи дизел моторите да ги исфрли од својата понуда во текот на 2024 година. Оваа одлука се аргументира поради побарувачката на пазарот. Само пред четири години продажбата на ЕВ беше симболична додека повеќето модели на Volvo продадени во Европа беа со дизел мотори. Денес, повеќето купувачи на Volvo бараат ЕВ или погон со приклучен хибрид.

Елиминацијата на дизел моторот всушност не е толку големо изненадување и се очекуваше. Volvo веќе планира да стане електричен бренд до 2030 година, а целосно јаглеродно неутрален до 2040 година. Од перспектива на Volvo, шведскиот бренд во 100% сопственост на кинескиот Geely повеќе нема да инвестира пари во развојот на мотори со внатрешно согорување. Џим Руан, извршен директор на Volvo Cars, вели дека компанијата целосно ќе се фокусира на создавање гама модели на електрични автомобили од премиум сегментот.

„Електричниот погон е нашата иднина и е супериорен во однос на моторите со внатрешно согорување. Создаваат помалку бучава и вибрации, неговото одржување чини помалку за корисниците и не испуштаат ништо од издувниот систем“. Додека полека ги отстранува моделите на мотори со внатрешно согорување, Volvo ги проширува своите електрични понуди.

На почетокот на оваа година го претстави моделот Volvo EX30 како најмал и најевтин електричен модел, а на почетокот на следната година ќе започне со испораки на најголемиот електричен кросовер, моделот Volvo EX90. До 2026 година, Volvo планира да лансира најмалку шест електрични модели, вклучувајќи EV верзија на XC60 и нов миниван EM90.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER