По Америка и Европа доби електричен камион!
Шведската Volta Trucks е подготвена за производство на својот прв модел наречен Zero
Шведска добива уште една камионска марка, овој пат електрична на што веднаш асоцира името Volta Trucks што го избраа. Првиот модел наречен Zero веќе е подготвен за производство што ќе се одвива во поранешната фабрика на MAN во Австрија која сега е во сопственост на Steyr. За почеток ќе бидат направени само 25 примероци чии тестирања ќе започнат на почетокот на 2022-рата. Во нив покрај инженерите на компанијата ќе бидат вклучени и купувачите, а доколку сé биде како треба редовното сериско производство ќе започне при крајот на идната година.

Револуционерниот дизајн на Volta Zero веднаш кажува дека зад неговиот изглед се крие напредна механика но освен дека ќе биде опремен со електромотор интегриран во задната оска, други технички детали не се објавени. Планирани се четири изведби со носивост меѓу 7,5 и 19 тони наменети за меѓуградски превоз на стока, чии батерии ќе им овозможат автономија меѓу 150 и 200 километри. Футуристички е решена и кабината, во која возачот е сместен на централна позицијата и има видно поле од дури 220 степени. Цената не се знае но сигурно ќе биде висока како и амбициите на компанијата годишно да продава по 27.000 примероци од овој камион.


