Две децении од блескавиот настап на првиот W мотор

објавено 01.03.2022

Седум рекорди беа поставени на патеката Nardò

 

Малкумина се свесни дека уникатниот W мотор е конструкторско дело на Volkswagen и прв пат бил употребен во W12 Concept Coupe. Дебито го доживува во Токио 1997, а родстер верзијата е чувана за следната година во Женева. Во тоа време беше фасцинантен дизајнот на мајсторот Giorgetto Giugiaro и неговиот тим од ItalDesign.

Срцето на концептот беше новиот W12 мотор од 5,6 литри и 414 коњи. Обединувајќи два VR6 агрегати од 2,8 литри на исто коленесто вратило добиен е монструмот што ветуваше многу. Кога во Волфсбург ќе дадат ветување го исполнуваат! Пред 20 години на патеката Nardò беше донесен W12 за да ги демонстрира своите потенцијали. Должината од 12,5 километри и можноста да се одржува константна висока брзина се покажаа како добитна комбинација за концептот со, сега модифициран мотор на шест литри и 591 КС.

Во траење од 24 часа перформансите беа фуриозни. W12 помина 7043 километри со просечна брзина од 293,6 км/ч. Следната година на истото место за иста временска дистанца беа извозени 650 километри повеќе со просечни 320,69 км/ч. Поради извонредните резултати на патеката, каде на свое име препиша седум светски рекорди и 12 рекорди во класата (од кои девет сé уште активни), W12 на своето име го додаде Nardò. Така беше и официјално материјализиран концептот во реален модел. Концептот на W мотор се усоврши во Bugatti каде работат 16 цилиндри, четири турбо полначи, и 18 ладилници за да произведат скоро двојно повеќе сила од донаторот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER